Скопје: Три лица повредени во скопската фабрика „Макстил“

Три лица се повредени вечерва при процес на работа со старо железо во скопската фабрика „Макстил“ во Скопје. Според првичните сознанија повредените се здобиле со телесни повреди и им е укажана лекарска помош. Инцидентот што се случил вчера околу 19 часот и 50 минути го потврди Министерството за внатрешни работи.