Анкара: Убиени петмина селски чувари во југоисточна Турција

Курдските бунтовници убија петмина селски чувари во синоќешните судири во Југоисточна Турција. Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) отвориле оган врз селските чувари во планинскиот округ Шарнак, на границата со Иран. По престрелката турската армија презела операција за пронаоѓање на курдските бунтовници. Во операцијата учествуваат и хеликоптери.