Кабул: Насилството во Авганистан на највисоко ниво од 2001

Агенцијата која ги координира активностите на хуманитарните организации во Авганистан соопшти дека насилството во таа земја го достигна највисокото ниво од две илјади и првата година кога, по сојузничката инвазија, предводена од Соединетите држави, беше отстранет талибанскиот режим. Агенцијата прецизира дека бројот на бомбашки напади и други насилни инциденти бил поголем за пеесет насто од истиот период лани. Само годинава во нападите загинале две илјади и петстотини луѓе.