Анкара: 13 девојчиња загинале во уривање на пансион

Тринаесет девојчиња загинале, а дваесет и две биле повредени во текот на измината ноќ при уривање на зграда на еден пансион во централна Турција, јавуваат агенциите. Најмалку уште дваесет деца се наоѓаат под урнатините, а спасувачките екипи се обидуваат да дојдат до нив. Локалните власти веруваат дека причина за уривањето била експлозија на природен гас. Пансионот и припаѓа на една фондација и таму, преку летото, девојчиња на возраст меѓу осум и шеснаесет години учат за Коранот.