Скопје: Позитивна оценка од амбасадата на САД за Законот за употреба на јазиците

Американската амбасадата во Скопје денеска оцени дека новиот Закон за употребата на јазиците е позитивен чекор и е во согласност со Рамковниот договор од 2001 година. Очекуваме дека ова ќе ги унапреди принципите на мултиетничко општество кое ги почитува правата на сите заедници во Република Македонија, се вели во денешното соопштение од Амбасадата на Соединетите Држави во Република Македонија.