Исламабад: 20 милитанти загинале во судир на пакистанските сили со талибански милитанти

Пакистанските сили се судриле со про талибански сили во долината Сват на североистокот на земјата при што загинале 20 милитанти. До борбите дошло откако милитантите убиле 3 пакистански разузнавачи и заробиле 30 припадници на безбедносните сили. Пакистанската влада во Мај потпиша договор со милитантите за крај на насилствата, но тие ја обвинија владата дека не го почитува договорот