Монте Карло: Нов светски рекорд во скок со стап за руската атлетичарка Исинбаева

Руската атлетичарка Елена Исинбаева синоќа на митингот во Монте Карло постави нов светски рекорд во скок со стап, прскокнувајќи 5 метри и 4 сантиметри. Со тоа таа за еден сантиметар го поправи рекордот што го постави пред дваесетина дена во Рим.