Анкара: Уставниот суд расправа за предлогот за укинување на владеачката партија

Турскиот Уставен Суд денеска ја започнува расправата за предлогот за укинување на владејачката партија на премиерот Реџеп Таип Ердоган, поради обвинувањата дека се обидува да воведе исламско владеење. Одлуката на судот се очекува во почетокот на наредниот месец.