Скопје: Избрана новата македонска Влада

Македонското собрание синоќа со 77 гласа ,,за“ и ниту еден против ја избра новата Влада на премиерот Никола Груевски. На седницата не присуствуваа опозиционите партии од „Коалицијата Сонце“ и од Демократската Партија на Албанците. Во новиот владин состав, пет министерства и едно вицепремиерско место му припаѓаат на коалициониот партнер ДУИ. Во своето експозе премиерот Груевски истакна дека стратешки приоритети на владата ќе бидат, подобрување на економската состојба, интеграција на земјата во НАТО и ЕУ и решавање на спорот со името со Грција врз принципот на незагрозување на националниот идентитет. Владата ќе се фокусира и на продолжување на борбата против криминалот и корупцијата и имплементација на Охридскиот Договор.