Кабул: Во воздушен напад на коалиционите трупи убиени меѓу 50 и 70 бунтовници

Во воздушни напади изведени од силите на НАТО на истокот од Авганистан, биле убиени меѓу 50 и 70 талибански бунтовници. Како што соопшти гувернерот на провинцијата Кост Арсала Џамал, воздушната операција се случила откако претходно бунтовниците убиле двајца авганистански полицајци.