Анкара: Турската армија бомбардирала цели на курдските бунтовници

Турската авијација бомбардирала 12 цели на курдските бунтовници во северен Ирак. Како што е соопштено од турската армија, нападите биле изведени на планината Кандал, каде се верува дека се наоѓаат главните бази на курдските бунтовници. Засега не се наведени детали за евентуални жртви.