Лондон: Босна и Херцеговина е блиску до распаѓање, оценува Педи Ешдаун

Босна и Херцеговина сега е поблиску до распаѓање, отколку било кога во воениот период во 90-тите години и Европската Унија мора да вложи повеќе напори за да ја спречи поделбата на земјата, оцени поранешниот висок претставник во оваа земја Педи Ешдаун. Во статијата за британски ,,Обсервер“ Ешдаун наведува дека Република Српска воспоставила паралелни државни инситуции и работи во правец на отцепување. Во Босна се случува неверојатна иронија. Радован Караџиќ е на пат за Хаг, но поделбата на Босна што беше негов сон, сега е многу поизвесна отколку во времето кога тој беше бегалец, посочува Ешдаун.