Вашингтон: Рајс го повика Пакистан да преземе мерки за запирање на нападите на милитантите

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс го повика Пакистан да превземе мерки за запирање на нападите на милитанти од негова територија врз Авганистан. На прес конференција во Австралија Рајс изјави дека е јасно оти има проблеми на авганистанско – пакистанската граница, но на милитантите не смее да им се дозволи да ја преминуваат границата.