Софија: Бугарскиот премиер наложи итни мерки за интензивирање на борбата против корупцијата

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев наложи спроводување на итни мерки со цел да се интензивира борбата против корупцијата во земјата. Европската комисија имено вчера ја укина помошта за Бугарија вредна стотици милиони евра и ги запре исплатите на двете клучни агенции поради корупције и лошо менаџирање.