Вашингтон: САД предупредуваат на можноста Русија да ја користи Куба како воена база

Американскиот генерал Нортон Шварц предупреди дека Русија би ја минала црвената линија доколку почне да ја користи Куба како база за бомбардери кои можат да носат нуклеарни бомби. Тој ова го изјави на сослушувањето пред ресорниот Одбор на Конгресот во рамките на неговото именување за прв човек на американското воздухопловство. Деновиве Известија објави дека базата на Куба би била руски одговор на американскиот антиракетен штит во Европа.