Њујорк: Советот за безбедност расправаше за тензиите во Абхазија и Осетија

Советот за Безбедност на Обединетите Нации, синоќа, на барање на Грузија, зад затворена врата, расправаше за тензиите во врска со отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија. Грузискиот амбасадор Иракли Аласаниа изјави дека повеќето од земјите членки на Советот го подржале територијалниот интегритет на Грузија. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин, пак, го повика Тбилиси да прекине со провокативните акции.