Анкара: Курдските бунтовници убиле четворица цивили во југоисточна Турција

Курдските бунтовници убиле четири цивили, а седумина други биле повредени при напад на едно село во југоистичнот дел на Турција. Турската новинска агенција Анадолија јавува дека нападот во провинцијата Бинѓол, бил извршен од страна на припадници на Курдската Работничка Партија.