Вашингтон: САД ќе воспостават дипломатско присуство во Техеран?

Стејт департментот не ги демантира, но ниту ги потврди информациите дека Соединетите држави планираат да воспостават дипломатско присуство во Техеран за прв пат по триесет години. Претходно британскиот весник Гардиан објави дека Вашингтон во идниот месец ќе ја соопшти одлуката за такво претставништво во Иран.