Женева: Фудбалската репрезентација на Косово ќе игра на 26 јули против Бразил

Фудбалската репрезентација на Косово, својот прв натпревар ќе го одигра на 26-ти јули во Женева, против олимписката репрезентација на Бразил, јавија медиумите во Приштина. Станува збор за пријателски натпревар, а Косовската фудбалска репрезентација ќе може да игра официјални натпревари откако ќе стане членка на ФИФА и УЕФА, но доколку Косово биде признато од Обединетите Нации.