Бејрут: Израел и либански Хезболах започнаа размена на затвореници

Израел и Либански Хезболах денеска ја започнаа размената на затворениците од едно-месечната војна пред две години. На израелско – Либанската граница, Хезболах на Црвениот Крст му ги предаде посмртните останки на двајцата израелски војници, кои беа заробени во 2006-та, по што почна и војната. Израел ќе предаде 5-мина либански затвореници, како и телата на околу 200 либанци и палестинци, убиени при обидот да се инфилтрираат на израелска територија.