Хаг: Обвинителот на меѓународниот суд во Хаг ќе бара апсење на суданскиот претседател

Обвинителот на Меѓународниот Кривичен Суд во Хаг ќе побара апсење на суданскиот претседател Омар Ал Башир заради воени злосторства во Дарфур. Обвинтелот Луис Морено Окампо ќе му презентира на судот докази дека Ал Башир е вмешан во нападите на арапски милитанти врз африкански земјоделци во Дарфур, при што биле убиени стотици илјади луѓе. Официјален Картум го отфрли обвинувањето и предупреди дека тоа би можело да предизвика нови крво-пролевање во Дарфур.