Њујорк: Обама во коментар за Њујорк Тајмс се заложи за повлекување од Ирак

Кандидатот на Демократите за американски претседател, Барак Обама, се заложи за повлекување на американските војници од Ирак во 2010-та година. Обама, во коментар за Њујорк Тајмс вели дека извесен број војници би требало да останат во Ирак на неодредено време со задача да дејствуваат против приврзаниците на Ал Каида.