Сирија: За мировен договор меѓу Израел и Сирија се потребни од шест месеци до две години

Сирискиот претседател Басар Ал Асад изјави дека за да се постигне мировен договор со Израел би биле потребни од 6 месеци до две години. Потпишувањето мировен договор со Израел би траело толку доколку двете страни бидат директно и сериозно вклучени во преговорите, изјави Асад. Сирија и Израел ги започнаа индиректните мировни преговори со посредство на Турција.