Киев: Протестен марш на невладини организации поради заедничките воени вежби со НАТО

Активисти на прогресивната социјалистичка партија и неколку други невладини организации од Украина денеска ќе одржат протестен марш по повод започнувањето на интернационалните заеднички воени вежби со НАТО силите. Во меѓувреме, командантот на украинската морнарица, Виктор Максимов изјави дека воените вежби ќе бидат нов почеток во градењето на доверба и соработка меѓу Соединиетите Држави и Украина.