Сеул: Северна Кореја го отфрли предлогот за продолжување на разговорите со Јужна Кореја

Северна Кореја го отфрли предлогот на претседателот на Јужна Кореја за продолжување на разговорите за помирување меѓу двете земји, јавија севернокорејските државни медиуми. Водечкиот севернокорејски весник ,,Родонг Синмун“ пишува дека предлогот на претседателот на Јужна Кореја Ли Мјунг Бак ,,не е вреден за разгледување“ и оти претставува ,,лажна“ тактика преку која тој се обидува да ја избегне одговорноста за влошување на односите меѓу двете земји.