Брисел: Донаторска конференција за Косово

Во Брисел денеска се одржува донаторска конференција за Косово на која, според очекувањата, би требало да бидат собрани повеќе од милијарда и четиристотини милиони евра. Еврокомесарот за проширување Оли Рен веќе најави дека Унијата ќе додели петстотини милиони евра во период од две илјади деветата до две илјади и единаесетата година. Косовскиот премиер Хашим Тачи пак обелодени дека вчера Косово поденесе барање за членство во ММФ и Светската банка. Пред потенцијалните донатори се претставени околу три илјади и осумстотини проекти.