Брисел: Денеска меѓународна донаторска конференција за Косово

На Меѓународна донаторска конференција за Косово која ќе се одржи денеска во Брисел,би требало да се соберат околу една милијарада евра за друштвено-економско подобрување на Косово. Поголемиот дел од средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на Европската Унија, околу 400 милиони евра ќе дадат Американците а останатите финансии ќе треба да ги донираат од страна на другите учесници на собирот, како меѓународните финансиски организации и агенциите на Обединетите Нации. Меѓународните донаторски средства ќе обезбедат подобри услови за развој на Косово, како и инвестиции и отварање на нови работни места.