Сараево: Годишнината од масакарот во Сребреница Ден на жалост

Советот на министри на БиХ на денешната седница во Сараево донесе одлука за прогласување на 11 јули за Ден на жалоста во земјата, на кој воедно се одбележуваат и 13 години од страдањата на граѓаните на Сребреница. На предлог на Министерството за човекови права и бегалци на БиХ, Советот на министрите одобри финансиски средства за денешното одбележување на геноцидот во Сребреница. Според вчера усвоената одлука, на Организациониот одбор од буџетот му се доделени 150.000 конвертибилни марки.