Дарфур: Убиени седуммина мировници на ОН

7-мина мировници од заедничката мисија на Обединетите Нации и Африканската Унија биле убиени во Дарфур при напад на стотици милитанти. Станува збор за најжесток напад врз мировниците од стартот на нивната мисија во Дарфур во почетокот на годинава. Во конфликтот во Дарфур од 2003-тата година досега загинале над 300 илјади луѓе, а околу 2 ипол милиона останале без своите домови, во борбите на африканските бунтовници против мнозинската арпаска влада.