Пекинг: Продолжуваат шест партитните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореја

Денеска во Пекинг продолжуваат 6-партитните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореја, односно ќе се врши верификација на извештајот на Пјонг Јанг за нуклеарните активности. Според американскиот прговарач, Кристофер Хил, верификацијата може да трае неколку месеци и ќе вклучува разговори со претставници на Северна Кореја и посети на некои места.