Тбилиси: Русија треба да биде учесник во решавањето на тензиите во Грузија

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, на заедничката прес конференција со грузискиот претседател Михаел Саакашвили во Тбилиси, изјави дека Русија треба да биде учесник во решавањето на тензиите во Грузија, а не да ги поттикнува. Рајс и Саакашвили разговараа за растечките тензии меѓу Москва и Тбилиси околу отцепените републики Абхазија и Јужна Осетија.