Зимбабве: Мугабе подготвен да формира влада со претставници на опозицијата

Официјален претставник на Зимбабве изјави дека претседателот Роберт Мугабе е подготвен да формира влада со претставници на опозицијата. Мугабе победи на претседателските избори кои меѓународната заедница ги оцени за нелегитимни, бидејќи вториот круг го бојкотираше опозициониот лидер Морган Цвангирај.