Токио: Најбогатите земји го поддржаа намалувањето на емисиите на штетни гасови, но без рокови

Лидерите на најбогатите земји во светот во рамките на самитот на Групата осум што се одржува во Јапонија денеска го поддржаа долгорочното намалување на емитувањето штетни гасови, но без да прецизираат никакви термини. На состанокот учествуваа и лидерите на Индија, Кина, Бразил, Јужна Африка, Мекиско, Австралија, Индонезија и Јужна Кореа.