Ерусалим: Израел се договори со Хезболах за размена на затвореници

Израел се согласи на договор со либанската милитантна група Хезболах за размена на затвореници. Меѓу Либанците кои ќе бидат ослободени е Самир Кантар,обвинет за едно од најголемите злосторства во историјата на земјата, а во замена за телата на двајца војника кои беа убиени од герилците на Хезболах. Како што јавуваат агенциите договорот бил потпишан во присуство на претставници на Обединетите Нации.