Белград: Српското собрание треба да ја избере новата влада на Србија

Српското собрание денеска треба да ја избере новата влада на Србија, предложена од мандатарот Мирко Цветковиќ, кој до сега ја извршуваше функцијата министер за финансии. Станува збор за единаесета влада од воведувањето на повеќепартискиот сиситем во Србија пред осуманесет години. Владата ќе ја сочинуваат партиите од блокот „За европска Србија“, коалицијата околу Социјалистичката партија и партиите на малцинствата.