Скопје: Денеска продолжение на четвртата седница на Собранието на Македонија

Македонското Собрание денеска ја продолжува четвртата седница со расправа по предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, измената на Законот за трговските Друштва, како и предлогот на Закон за финансиско обезбедување. Парламентот ќе ги разгледува и предлогот на закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковен договор за заем за делумно финансирање на „Проектот за изградба на фискултурни сали и Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој - Светската банка по Договорот за заем по Проектот за подобрување на постоечката регионална и локална патна мрежа.