Тојако: Започнува самитот на Г8

Лидерите на Групата осум имдустриски најразвиени држави (Г-8), денеска во јапонскиот град Тојако го започнуваат тридневниот Самит на кој ќе се расправа за прашања поврзани со економијата, поскапувањето на суровините, пред се на нафтата и глобалното затолување. На Самитот треба да бидат одобрени мерките подготвени од Германија за борба против поскапувањето на храната, а најавена е можноста и за формирање работна група за справување со овој проблем.