Токио: Утре започнува самит на Групата Осум најразвиени земји

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска изјави дека американската економија не се развива доволно ,,силно„ како што би посакувал Вашингтон. Буш, кој допатува во Јапонија каде од утре започнува одржувањето на самитот на Групата Осум најразвиени земји, ова го изјави на заедничката прес конференција со јапонскиот премиер Јосуо Фукуда. Климатските промени, растот на цената на нафтата и глобалните економски проблеми се дел од темите на кои ќе разговараат лидерите од земјите членки на Г8. Во пресрет на Самитот, стотици демонстрани се собраа во градот Сапоро, протестирајќи против собирот на Групата Осум, при што полицијата уапсила четири лица.