Пјонгјанг: Северна Кореја обвини дека помошта во гориво оди многу бавно

Северна Кореја ги обвини земјите учеснички во 6-партитните преговори за нејзината нуклеарна програма дека не ги исполнуваат обврските. Според министерството за надворешни работи, Пјонг Јанг го предал списокот на нукеарните активности и ја уништи кулата за ладење во главниот нуклеарен комплекс, но помошта во гориво оди многу бавно.