Туркменистан: Рускиот претседател Медведев во посета на Туркменистан

Рускиот претседател Димитриј Медведев денес ќе го посети Туркменистан, како дел од турнејата во три поранешни советско-азиски републики. Цел на ова патување е Русија да ја задржи доминацијата на извозот на гас од Централна Азија. Како што соопштија некои медиуми, Медведев ќе се обиде да го убеди Туркменистанскиот претседател Курбангулија Бердимухамедова, да ги одбие барањата на Европската Унија за испракање на гас до Азербејџан преку гасовод кој ќе ја заобиколи Русија.