Москва: Медведев изјави дека неговиот мандат ќе биде поинаков од оној на Путин

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека неговиот мандат ќе биде поинаков од оној на неговиот претходник Владимир Путин. ,,Сметам дека создавањето парламентарна демократија во Русија би можело да значи и смрт за државата,, изјави Медведев во интервју дадено пред самитот на осумте најразвиени земји во Јапонија. Ваквата изјави се оценува за спротивна на најавите на сегашниот премиер Путин дека треба да расте влијанието на парламентот.