Техеран: Шефот на иранската дипломатија смета дека ниту САД ниту Израел нема да го нападнат Иран

Шефот на иранската дипломатија Манучер Мотаки предвидува дека ни Соединетите држави ни Израел нема да рескираат да ја нападнат неговата земја. Тој оцени дека таквиот напад ќе се граничи со, како што рече, лудило откако Соедионетите држави се заглавиле со војните во Авганистан и Ирак.