Скопје: Мандатарот Груевски ги продолжува разговорите за состав на нова влада

Мандатарот за составување на идната влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ќе ги продолжи разговорите со претседателите на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи и на ПЕИ Фиат Цаноски за проширување на владиното мнозинство. Според законските рокови, владата треба да биде формирана најдоцна до 15 јули.