Милочар: Претседателот Црвенковски во официјална посета на Црна Гора

Претседателот Бранко Црвенковски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора. Како што е најавено, со својот црногорски колега Филип Вујанович ќе разменат мислења за повеќе теми, меѓу кои билатералните односи, евроинтегративната политика, економската соработка, ситуацијата во регионот и друго.