Скопје: ДИК ќе одржи седница за приговорите од прегласувањето

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледува приговорите во врска со повтореното гласање одржано на 29 – ти јуни. Партијата за демократски просперитет до ДИК поднесе четири приговори кои се однесуваат на 10 избирачки места во изборната единица шест. Државната изборна комисија има рок од 48 часа да донесе решение. Доколку подносителот на приговорите не е задоволен од него, има право на жалба до Врховниот суд на Република Македонија.