Кабул: Воздушни напади на сојузничките сили врз бунтовниците во Авганистан

Сојузничките сили во Авганистан, предводени од Соединетите држави, покренале воздушни напади врз бунтовниците во источниот дел на земјата при што убиле триесетина од нив. Агенциите јавуваат дека во годинашните операции против талибанците во Авганистан загинале над две илјади луѓе.