Скопје: ДИК ги објави резултатие по прегласувањето на изборите

По вчерашното повторно прегласување на предвремените парламентарни избори 2008, ВМРО - ДПМНЕ освои 63 пратенички места, Коалицијата „Сонце“ 27, ДУИ 18, ДПА 11 и ПЕИ едно место, соопшти претседателот на Државната изборна комисија Јован Јосифовски. Од вкупно запишаните 14.551 избирач на 15-те гласачки места во изборните единици 1 и 6 каде што се прегласуваше, гласале 6.010 избирачи или 41,30 отсто. Според Јосифовски, веќе почнаа да течат роковите за поднесување приговори и жалби. Прегласувањето се одвиваше без посериозни проблеми и инциденти, освен во скопското село Бојане каде на две избирачки места, поради нерегуларности, привремно беше прекинато. Во 19 часот беа затворени 13 од вкупно 15-те избирачки места. Гласањето продолжи во село Бојане онолку колку што траеше прекинот.