Приштина: Состанок на меѓународната управувачка група за Косово

Меѓународната управувачка група ИСГ денеска попладне во Приштина ќе одржи состанок на ниво на директори за Балканот, соопшти меѓународниот цивилен претставник за Косово. По состанокот заедничка прес-конференција ќе одржат меѓународниот цивилен претставник Питер Фејт и косовскиот претседател Фатмир Сејдиу. Меѓународната управувачка група, која е формирана во февруари во Виена врз основа на предлогот на Марти Ахтисари, ја сочинуваат претставници од 21 земја кои ја признале независноста на Косово.