Ханти Мансијк: Продолжува самитот Русија - ЕУ

Во рускиот град Ханти-Мансијк продолжува дводневниот самит Русија-Европската Унија, на кој централно значење има официјалниот почеток на преговорите за новиот договор за партнерство и соработка меѓу Русија и Унијата. Според најавите, една од темите на разговор меѓу рускиот претседател Дмитриј Медведев и европските високи претставници ќе биде и Косово.