Скопје: Посредникот во спорот за името Нимиц на средба со државниот врв

Специјалниот посредник на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска доаѓа во Скопје на разговори со македонскиот државен врв. Нимиц ќе има одделни средби со претседателот Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски. Тој во Скопје доаѓа од Атина каде што разговараше со грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани.